Со хидрауличното регулирање на притисокот, за 40 отсто се намалени загубите на водата PDF Print
There are no translations available.

   „Не е важно за колкав временски период е решен еден проблем, не е во прашање ниту висината на финансиските средства потрошени за реализацијата на проектот, најважно од се е дека со спроведувањето на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата“ се постигна очекуваниот ефект – после 30 години во кои граѓаните на Неготино се соочуваа со недостиг од вода за пиење укинати се 12 часовните редукциии и обезбедено е континуирано 24 часовно водоснабдување за населението“ – истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на денешната презентација на споменатиот проект од страна на стручни лица од фирмата ИМГД од Хрватска кои во изминатите 3 месеци беа ангажирани на реализацијата на проектот. – Не застануваме овде, додаде Апостолов и додаде дека веќе е потпишан договорот со Светска банка и најверојатно од април ќе започне релаизацијата на проектот за реконструкција на водоводната мрежа на улици во Неготино во должина од 8 километри, планирана е изградба на 2 нови резервоари за обезбедување дополнителни количини вода за пиење, се поставуваат водомери онаму каде што досега ги немаше, со еден збор се спроведуваат активности со кои за неготинци ќе се обезбеди редовно водоснабдување во наредните 100 години.

 Сопственикот на фирмата ИМГД – една од 10-те сертифицирани најреномирани фирми во светот за изведување работи на вакви и слични проекти Горан Дуниќ, рече дека Неготино е пионер во Македонија во делот на регулирањето на притисокот на водата и дека ефектите се исклучително позитивни, за што говори и стабилизираното водоснабдување, притоа набројувајќи ги многубројните зафати што стручни лица од неговата фирма ги изведоа на подрачјето на Неготино, поткрепувајќи го сето тоа со аудио-видео презентација. За придобивките и позитивните резултати говореше и директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова која истакна дека предходно загубите на вода на одделни места достогнувале и до 70 отсти од водата во водоводната мрежа, а сега тие загуби се намалени за цел 40 отсто, преку 8 места на кои се псотавени мерни уреди се следи состојбата со евентуалните дефекти и веднаш се интервенира, а сето тоа придонесува Комуналец да обезбеди редовно водоснабдување, но и да заштеди средства од сопствениот Буџет.