Утре во Неготино презентација на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата“ PDF Print
There are no translations available.

   Утре со почеток од 12 часот во големата сала на општина Неготино ќе се одржи презентација на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење “ – проект кој Неготино го имплементираше како прв град во Македонија и со кој се постигнаа очекуваните резултати за значително подобрување на водоснабдувањето и укинувањето на редукциите на вода за пиење. Според агендата за работа, најпрво обраќање пред присутните ќе има градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, презентацијата на проектот ќе ја изврши Горан Дуниќ-сопственик на фирмата ИМГД од Самобор-Хрватска, а за ефектите и придобивките од реализацијата на овој проект на територијата на Неготино презентација ќе има директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова. Во продолжение ќе следуваат евентуални прашања од присутните и одговори од надлежните до кои истите се поставени.