Активности за менување на водоводната мрежа каде што има дефекти PDF Print
There are no translations available.

    Покрај неколкуте паралелни проекти кои општина Неготино ги реализацира со единствена цел за подобрување на водоснабдувањето во градот и во дел од населените места, се прават напори и за преземање навремени активности за откривање и санирање на дефектите на водоводната мрежа на улици во градот и во селата кои предизвикуваат загуби на водата за пиење, а со тоа пак се намалуваат количините кои доаѓаат до домовите на населението. Токму затоа, стручните служби при локалната самоуправа во соработка со одговорните во ЈП Комуналец контиунирано ја следат состојбата на терен и преземаат навремени активности за санирање на состојбите. Така, според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, дефекти се регистрирани и за кратко време ќе се започне со замена на водоводната мрежа во должина од 1.200 метри на потегот од ВВ Повардарие до Дуброво каде што се забележани загуби од 13 до 15 литри вода во секунда, најголеми загуби на територијата на општината. Проектот ќе се реализира со средства од Буџетот на општина Неготино.