МЛАДИТЕ НАДЕЖИ НА РК „ВАРДАР НЕГОТИНО“ НАЈДОБРИ НА РАКОМЕТНИОТ ТУРНИР ВО ВИНИЦА ОРГАНИЗИРАН ОД РАКОМЕТНАТА АКАДЕМИЈА НА РК МЕТАЛУРГ - СКОПЈЕ PDF Print
There are no translations available.

   Во спортската сала “Капетан Кирчо Димитриов“, при ОУ “Ванчо Прке“ во Виница, се одржа турнир на ракометниот клуб Торо Спорт од Виница, кој е дел од Ракометната академија на Металург.
На турнирот настапија школите: Тиквеш Металург (Кавадарци), Торо Спорт (Виница), РК Вардар-Неготино (Неготино) и РК Берово (Берово), во машка конкуренција, и Астра Спорт (Македонска Каменица), РК Берово (Берово), РКЖ Вардар-Неготино (Неготино) и Торо Спорт (Виница), во женска конкуренција.
На турнирот е прикажан одличен ракомет и постигнати се следните резултати:
Машка конкуренција:
РК Вардар-Неготино – РК Берово  11:7
Торо Спорт – Тиквеш Металург  14:17
Меч за третото место:  Торо Спорт – РК Берово  15:10
Финале:  РК Вардар-Неготино – Тиквеш Металург  20:14

Пласман:
1. РК Вардар-Неготино – Неготино
2. Тиквеш Металург – Кавадарци
3. Торо Спорт – Виница
4. РК Берово – Берово
.
Женска конкуренција:
Астра Спорт – РК Берово  18:5
РКЖ Вардар-Неготино – Торо Спорт  6:13

Меч за третото место:  РК Берово – РКЖ Вардар-Неготино 6:10
Финале:  Астра Спорт – Торо Спорт  9:11

 



Пласман:
1. Торо Спорт – Виница
2. Астра Спорт – Македонска Каменица
3. РКЖ Варадр-Неготино – Неготино
4. РК Берово – Берово

На турнирот се прогласени и најдобрите:
Машки:
Најдобар голман: Никола Ангелков од екипата на Торо Спорт.
Најдобар играч: Драган Кузманов од екипата на РК Вардар-Неготино.
Ол стар тим: Климент Ефтимов (Торо Спорт), Димитар Михајлов (Торо Спорт), Стојанчо Ишев (Тиквеш Металург), Виктор Стојменов (РК Вардар-Неготино), Васе Витанов (Тиквеш Металург), Симе Трајков (РК Вардар-Неготино) и Виктор Ристов (Тиквеш Металург).
Женски:
Најдобра голманка:  Марија Ивановска од екипата на Торо Спорт.
Најдобра ракометарка:  Јована Ѓоргиева од екипата на Торо Спорт.
Ол стар тим:  Нина Стојановска (Астра Спорт), Игнатија Димитровска (Торо Спорт, Ивана Дончевска (Астра Спорт), Кристина Илиева (Торо Спорт), Викторија Стаменковска (Астра Спорт), Верица Шарац (РКЖ Вардар-Неготино) и Виолета Андова (РКЖ Вардар-Неготино).