Централна прослава по повод празникот „Свети Трифун“ PDF Print
There are no translations available.

   Со прием на гости од земјава и странство во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, одржување на фолклорно дефиле низ улиците на градот, прошетка по штандовите на плоштадот и дегустација од изложените производи и со непосредни средби со локалното население, започнаа активностите од одржувањето на централната манифестација по повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун во рамките на Неделата на виното. По осветувањето на лозата од страна на свештено лице од МПЦ „Свети Атанасиј“ следуваше пригодно обраќање на првиот човек на општината Апостолов кој на лозарите им посака оваа година да имаат богат и квалитетн род, по што заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го извршија симболичниот чин на закројување на виновата и со чаша вино им наздравија на присутните на плоштадот. На свеченоста на најуспешните производители на вино и ракии има беа доделени пригодни награди, признанија и пехари, а манифестацијата продолжи со забавно-музичка програма со настап на бројни звезди од македонската естрада.