„Ден на вранецот“ во Галеријата на виното PDF Печати

Во присуство на голем број на гости од овој регион, земјава и странство се одржа традиционалниот „Ден на вранецот“ во просториите на манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Галеријата на виното,  – настан кој е составен дел од манифестацијата „Недела на виното“ со која се одбележува празникот Свети Трифун. „ Станува збор за вино произведено од една од најавтохтоните македонски сорти грозје – вранец , вино по чие консумирање не останале рамнодушни и не го криеле своето одушевување од неговиот квалитет сите оние кои имале можност да пробааат од виното „вранец“ и токму затоа станува збор за производ кој претставува бренд на македонските винарии“ – истакна во пригодното обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов прогласувајќи го за отворен „Денот на вранецот“. Свое претставување со вино „вранец“ пред присутните имаа 10-тина винарски визби од општина Неготино и регионот, а сите присутни имаа можност да дегустираат и да уживаат во едно од најквалитетните македонски вина.