Покана од градоначалникот Апостолов до граѓаните на Македонија да присуствуваат на прославата по повод одбележувањето на верскиот празник „Свети Трифун“ – сабота 14.02.2015 г. PDF Print
There are no translations available.

   Почитува граѓани на општина Неготино, почитувани граѓани на Република Македонија !
Ми претставува чест и задоволство да Ве поканам масовно и во голем број да присуствувате и да ја проследите богатата 7-часовна програма која утре на 14-ти февруари (сабота) ќе се одвива на градскиот плоштад во Неготино, а со која ние како локална самоуправа го прославуваме празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“. Имено, имајќи предвид дека нашиот регион е надалеку познат по лозарството и винарството, веќе неколку денови со должна почит и со низа активности кои се дел од традиционалната манифестација „Недела на виното“, во Неготино се слави светецот кој се смета за заштитник на винарите и лозарите. Централната прослава ќе се одвива во сабота на 14-ти февруари на самиот ден „Свети Трифун“ и истата ќе започне од 11,3о часот со настап на културно-уметнички друштва од земјава и странство, од 12,30 часот е официјалниот дел од програмата со осветување и закројување на виновата лоза, а во оваа пригода ќе им бидат доделени наградите на најсупешните производители на вино и ракија кај индивидуалните производители и винарските визби. Од 13,30 часот започнува богатата музичко-забавна програма со настап на бројни звезди од македонската естрада што гарантира добра забава, а паралелно на бројните штандови на плоштадот ќе се служат специјалитети од храна, пред се традиционалната „неготинска пита“, а сите посетители ќе можат да дегустираат од производите на винарските визби од општина Неготино и регионот.
Поканата е отворена и јавна и се однесува на сите граѓани на нашата држава кои се во можност да дојдат на градскиот плоштад и сите заедно да го прославиме празникот „Свети Трифун“ !