Се одржа дегустација-натпревар на вина и ракии од индивидуални производители PDF Print
There are no translations available.

   Над 40 индивидуални производители на вина и ракии од општината и регионот-никогаш повеќе досега, со свои доставени 63 мостри учествуваат на годинашниот натпревар за избор на најдобри вина и ракии, настан со кој започнаа активностите од манифестацијата Недела на виното со која општина Неготино го одбележува верскиот празник Свети Трифун. Во категоријата бели вина пријавени се 25 мостри, црвени 20, како и 18 мостри на ракија. Оценувачката комисија е составена од тројца членови-енолози, а на настанот присуствиваше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој и самиот дегустрираше од пристигнатите мостри. Комисијата ќе го има одлучувачкиот збор околу тоа кои вина и ракии ќе бидат прогласени за најквалитетни, а градоначалникот Апостолов додаде дека оваа година наградите за најдобрите производители ќе се состојат од ножици за кроење, машинки за врзување и буренца кои ќе им бидат од корист на лозарите, а кои пак ќе им бидат врачени на централната прослава на Свети Трифун во сабота на градскиот плоштад во Неготино. Инаку, организиран е и натпревар за најдобри вина од регистрирани винарски визби на кој со свои мостри се пријавени 10 винарии од Македонија и една од Бугарија.