Празникот Св.Трифун и оваа година ќе биде одбележан со бројни настани PDF Печати

    На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во неговиот кабинет се одржа работен состанок на кој присуствуваа претставници од бизнис-секторот и стручните служби од локалната самоуправа, а на кој тема на разговор беше претстојното одбележување на празникот на лозарите и винарите Свети Трифун. На сите присутни им беше поделена овогодишната програма за одбележување на „Св. Трифун“ која е во предлог-фаза и со која е предвидено манифестацијата „Недела на виното“ да трае од 12 до 15 февруари, со оставена можност до наредниот работен состанок кој е закажан за наредниот понеделник ( 02.02 ) со почеток од 12,00 часот доколку има издржани предлози, истите да бидат вметнати во програмата. На состанокот сите присутни имаа можност да даваат предлози и сугестии со чија реализација традиционалното прославување на Свети Трифун би се подигнало на едно повисоко ниво, што пак ќе придонесе за зголемување на интерсот кај потенцијалните посетители да присуствуваат на оваа традиционална манифестација што се одржува во Неготино. Инаку, годинава празникот се паѓа во неработен ден, сабота, па очекувањата на организаторите се дека присутноста на настанот ќе биде масовна и тоа како од граѓани на нашата општина, така и од гости од други општини од Македонија.