Во 2015-та општина Неготино започнува со реализација на 4 капитални проекти PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов изјави дека оваа година на територијата на неготинска општина е предвидено да се започне  со реализација на 4 капитални проекти кои се од витално значење за остварување на основната цел – подобрување на условите за живеење на сите граѓани од општина Неготино. Така, по завршувањето на проектот „Хидраулични регулирање на притисокот на водата„ кој ги даде очекуваните резултати преку укинување на дневните и ноќните редукции и обезбедување на 24 часовно континуирано водоснабдување во Неготино, ќе се започне со уште 2 проекта за создавање услови за уште поквалитетно водоснабдување. Еден од нив е реконструкцијата на водоводната мрежа на 15 улици во градот во должина од 8 километри со цел за отстранување на постоечките дефекти и намалување на загубите на вода, а вториот е изградба на 2 нови резервоари за вода и тоа во Пепелиште со капацитет од 150 м3 и во Тимјаник со капацитет од 300 м3, со што покрај решавањето на проблемот со водоснабдувањето во овие две села, дополнителни количини вода ќе се обезбедат и за граѓаните на Неготино. Исто така, оваа година се планира да започне изградбата на станебно-деловен објект, градски пазар и паркинг-простор на местото на руинираната сала ДТВ Партизан, а после долги години се очекува да започнат работите за асвалтирање на патниот правец Горни Дисан – Вешје.