Коле Симјонов по 6-ти пат го фати светиот крст PDF Print
There are no translations available.

   Пријатното и сончево време придонесе неколку илјади граѓани денеска да присуствуваат на чинот на фрлањето и фаќањето на светиот крст во водите на реката Вардар од Пепелишкиот мост,  каде што впрочем и секоја година се одржува овој настан. Ниту надојдените води на Вардар не беа пречка 17 наши сограѓани да ја искажат својата храброст и да влезат во ладните води на Вардар, но сепак најумешен, најбрз и најсреќен да стигне и да го фати крстот и оваа година беше Коле Симјонов. На Симјонов ова му 6-то по ред фаќање на светиот крст од вкупно 9 досегашни обиди, а самиот тој си посака во текот на цела година да го следи здравје и среќа. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов честитајќи им го празникот Богојавленије-Водици на сите граѓани, на Симјонов му додели пригоден подарок од име на локалната самоуправа, а честитки до граѓаните и до Коле упати и пратеничката во Републичкиот Парламент од општина Неготино, д-р Благородна Бојаџиева.