Работна посета на министерот Јанакиески на општина Неготино PDF Печати

  Министерот за транспорт и врски во Владата на РМ, Миле Јанакиески во придружба на градоначалникот Ванчо Апостолов оствари работна посета на општина Неготино која ја искористи да предаде во употреба 2 објекти и да додели решенија за легализирани дивоградби. Така, во селото Тремник во присуство на тамошните жители во употреба беше предаден објектот „ Фекална канализација во Тремник “ – проект вреден 13.000.000 денари обезбедни од ресорното Министерство преку Европската инвестициона банка. Изградена е примарна мрежа од 3 краци во должина од околу 3 километри, како и одводен колектор во должина од 2.300 метри, а неколку куќи веќе се приклучени на новоизградената мрежа.

  

На пригодна свеченост во присуство на голем број граѓани, спортисти и спортски работници, министерот Јанакиески, градоначалникот Апостолов и претседателот на општинскиот Совет Паунов во функција го ставија мултинаменското игралиште во населбата Саат-кула за чија изградба беа реализирани средства во висина од 7.000.000 денари обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт на РМ. Во склоп на овој објект, функционираат игралишта за фудбал, кошарка и ракомет, поставени се неопходните реквизити и просторот е ограден, а со цел овозможување на одвивање на спотрско-рекреативни активности во ноќните часови, поставени се и 4 рефлектори.

   

 

Во салата на општината на 13 граѓани од нашата општина им беа доделени решенија со кои им се легализираат објектите и им се овозможува имотот да си го заведат во имотен лист. До општина Неготино доставени се 2.002 барања за легализација на дивоградби, а половина од предметите се веќе решени.