Активности за формирањето на Локален Младински Совет во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

Младите лица од здруженијата на млади, ученичките совети и други регистрирани облици на организирање на младите  кои учествуваа во Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“,кој беше спроведен од страна на Младински Образовен Форум и Центарот за Меѓукултурен дијалог во партнерство со 12 општини од Македонија меѓу кои е и општина Неготино и е финансиран од Европската унија, до Советот на општина Неготино во согласност со Статутот на општината, поднесоа иницијатива за избор на нови членови на Советот на млади на општина Неготино кој претставува претставничко тело на младите од општина Неготино и кое вклучува претставници од граѓански организации, културни уметнички друштва, помладоци на политички партии, претставници од преседателството на училишните заедници и други форми на младинско  организирање.


 Сите заинтересирани организации и поединци кои ги исполнуваат критериумите за членство треба да ги достават своите апликации до Архивата на општина Неготино најкасно до 06.02.2015 година со следните документи:
1.Портфолио за работа на организацијата/неформалната група/ помладоци на политички партии/ разни облици на здржување
2. Официјално писмо за номинација на член од организацијата/неформалната група/ помладоци на политички партии/ разни облици на здржување  кое содржи портфолио со информации за организацијата и исполнување на критериумите за работа наведени во правилникот за работа
3. CV и Мотивационо писмо за учество од претставникот кој сака да се вклучи во младинскиот совет.

На предлог на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања како постојано работно тело на Советот на општина Неготино,  Советот на Општината ќе ги избере новите членови на Советот на млади.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации на оваа мејл адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it

Правилник за работа

Повик ЛМС

Пријава на делегат