Весело и разиграно дочекана Новата година на градскиот плоштад PDF Печати

   Ниту ниските температури и екстремно студеното време не ги спречија присутните граѓани кои одлучија „најлудата ноќ“ да ја дочекаат на градскиот плоштад да создадат весела атмосфера и разиграно да ја дочекаат Новата 2015-та година. Можеби бројот на присутните во однос на предходните години беше нешто помал поради ладното време, но затоа пат атрактивната естрадна уметничка Руса Андова и членовите на групата Антигона-бенд и покрај студот се потрудија со одличен репертоар на песни и ора да го подигнат расположението кај посетителите, а сето тоа резултираше со внесување позитивна енергија кај граѓаните, фаќање на оро и пеење заедно со Андова која пријатни изненади со својот одличен настап. На полноќ, кога стрелките на часовникот се поклопија имаше спектакуларен огномет-еден од најатрактивните последниве години, а прв Новата година на присутните им ја честита градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов посакувајќи им пред се здравје, среќа, успех и се најдобро во Новата година. Организираниот дочек на градскиот плоштад помина во бескпрекорна атмосфера и без ниту еден ресгистриран инцидент.