Градоначалникот во посета на лицата кои се грижеа за безбедност и здравјето на неготинци за Новогодишната ноќ PDF Печати

   Во пресрет на дочекот на Новогодишната ноќ во доцните вечерни часови градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов оствари работна посета на неколку установи и институции каде што вработените „најлудата ноќ“ ја дочекуваат на своите работни места. Најпрво Апостолов оствари средба со претставниците на 6-члената дежурна екипа на неготинската полиција задржувајќи се притоа во краток разговор со нив, посакувајќи им да имаат што помалку работа што и се оствари бидејќи како што официјално сме информирани за новогодишната ноќ не е регистриран ниту еден посериозен инцидент, им посака среќна Нова година и им додели пригодни подароци кои ги добија и двајцата дежурни пожарникари од ТППЕ-Неготино. Средба беше остварена и со дежурниот од Агенцијата што ја обезбедува зградата на општина Неготино, како и со 6-члената екипа од доктор и медицински персонал кои за време дочекот на Новата година беа дежурни во Итната медицинска помош при Здравствениот дом Неготино. И во оваа прилика на дежурните Апостолов им додеки пригодни подароци, а според последните информации дежурната служба речиси била без работа и со само неколку рутински прегледи.