Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностГрадоначалникот во посета на лицата кои се грижеа за безбедност и здравјето на неготинци за Новогодишната ноќ |
There are no translations available. Во пресрет на дочекот на Новогодишната ноќ во доцните вечерни часови градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов оствари работна посета на неколку установи и институции каде што вработените „најлудата ноќ“ ја дочекуваат на своите работни места. Најпрво Апостолов оствари средба со претставниците на 6-члената дежурна екипа на неготинската полиција задржувајќи се притоа во краток разговор со нив, посакувајќи им да имаат што помалку работа што и се оствари бидејќи како што официјално сме информирани за новогодишната ноќ не е регистриран ниту еден посериозен инцидент, им посака среќна Нова година и им додели пригодни подароци кои ги добија и двајцата дежурни пожарникари од ТППЕ-Неготино. Средба беше остварена и со дежурниот од Агенцијата што ја обезбедува зградата на општина Неготино, како и со 6-члената екипа од доктор и медицински персонал кои за време дочекот на Новата година беа дежурни во Итната медицинска помош при Здравствениот дом Неготино. И во оваа прилика на дежурните Апостолов им додеки пригодни подароци, а според последните информации дежурната служба речиси била без работа и со само неколку рутински прегледи.
|