Организиран дочек на Нова година на градскиот плоштад во Неготино PDF Печати

  Во духот на веќе востановената традиција, општина Неготино и оваа година организира заеднички дочек на Новата 2015 година на градскиот плоштад во нашиот град. За забавата на сите присутни кои ќе решат Новата година да ја дочекаат на неготинскиот плоштад во друштво на најблиските роднини и пријатели, ќе се погрижат атрактивната пеачка Руса Андова заедно со членовите на групата Анигона-бенд со настап во живо- комбинација која гарантира добра забава и весела атмосфера. На полноќ е предвиден спектакуларен огномет, по што ќе следува новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој прв ќе им ја честита Новата година на присутните на плоштадот. Од локалната самоуправа Неготино упатуваа покана до сите граѓани да повелат и да бидат дел од заедничкиот дочек на Новата 2015 година на градскиот плоштад во Неготино.