Во рамките на реализацијата на неколкуте паралелни проекти за подобрување на водоснабдувањето на подрачјето на неготинска општина, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и официјално стави потпис на договорот со Светската банка со која оваа финансиска институција на нашата општина и одобри кредитни средства во висина од близу 1.000.000 евра. Според зборовите на Апостолов овие средства ќе бидат употребени за реализација на 2 проекти и тоа реконструкција на водоводната мрежа во должина од 8 километри на вкупно 15 улици во Неготино каде што се регситрирани најголеми загуби на водата за пиење, а наедно ќе се гради и нов резервоар за обезбедување дополнителни количини вода за населението од цела општина. Инаку, локалната самоуправа има изготвено и проект и со истиот до Светска банка ќе аплицира за добивање грант-средства за комплетна реконструкција на патот од Г.Дисан до Вешје.
|