Новогодишна и Божикна честитка од поглаварот на МПЦ до градоначалникот Апостолов и граѓаните на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   „Новото лето и Христовото рожденство нека Ви донесат здравје, среќа и бериќет„ – се вели меѓу другото во Новогодишната и Божиќната честитка од поглаварот на Македонската православна црква – Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан упатена до градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и до сите граѓани на општина Неготино. „ Синот Божји, Господ Исус Христос, како Богочовек дојде во светот за да не направи синови Божји, за да ни даде можност преку верата и добрите дела да го осмилсуваме својот живот. Божик – празникот на мирот и радоста нека ни ја засили верата, па живејќи по заповедите и законите Божји- да се удостоиме со средба со вечниот Богомладенец. Христос се роди ! Честитот и од Бога благословено Новото Лето !

                                                                                               АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ

                                                                                                          ГОСПОДИН, ГОСПОДИН СТЕФАН