Неготино соодветно украсено за Новогодишните и Божикните празници PDF Печати

   Општина Неготино во пресрет на престојните празници презеде низа активности за соодветно украсување на градот и доловување на Новогодишна и Божикна атмосфера. Така, од пред извесен период комплетно е украсен градскиот плоштад каде што со својата убавина покрај останатите елементи доминираат новогодишната елка и sвезденото небо, исто така, украсни елементи се поставени долж главните улици Маршал Тито и Партизанска и покрај градскиот кеј, старата градска чаршија, зградата на општина Неготино и непосредната околина, а свој придонес даваат и граѓаните и фирмите кои ги имаат украсено своите домови и деловни објекти, со што се создава една навистина прекрасна предновогодишна атмосфера.