Во Индустриската зона „Неготино“ продадени сите 17 градежни парцели PDF Print
There are no translations available.

   Имено, на последното одржано јавно наддавање организирано од страна на стручните служби при локалната самоуправа, по електронски пат се продадоа и преостанатите 7 градежни парцели на површина од 8 хектари, со што сите понудени парцели лоцирани во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови со намена за Г-2 лесна индустрија и Г-4 стоваришта, се продадени. На предходно одржаните 2 јавни наддавања се продадоа вкупно 10 градежни парцели на површина од 16 хектари, што значи продадени се сите понудени 17 парцели на вкупна површина од околу 24 хектари. Со оглед на одличната местоположба на Индустриската зона, огромниот интерес за купување на градежните парцели беше очекуван, имајќи предвид дека зоната се наоѓа во централното подрачје на нашата држава, со автопат и регионален пат во непосредна близина, како и железничката пруга. Се очекува, по добивањето на неопходните за тоа градежни дозволи, инвеститорот со изградба на предвидената инфраструктура да започне во текот на наредната година.