Заврши вториот по ред ракометен турнир за генерации помлади од ‘99 PDF Печати

   Во рамките на програмата за спорт за Општина Неготино, конкретно поттикнување, поддршка и развој на младинскиот спорт во општината, во коорганизација со ракометниот клуб “Вардар - Неготино” на 20 декември (сабота) во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” се оддржа турнирот во ракомет за генерации помлади од ’99. На овој веќе традиционален турнир учество зедоа четири екипи во машка и две екипи во женска комнкуренција. Победник на турнирот во машка конкуренција е екипата на РК “Вардар – Неготино” која во финалето го совлада тимот на РК “Вардар – Бисинов” од Велес, додека третото место и припадна на екипата на РК “Валандово” која што во малото финале го совлада тимот на РК “Торо – Спорт” од Виница. Во женска конкуренција во единствениот натпревар кој што се одигра во оваа конкуренција екипата на РКЖ “Вардар – Неготино” ја совлада екипата на ЖРК “Торо – Спорт” од Виница. Во продолжение се комплетните резултати од турнирот:


Машка конкуренција
Полуфинале
РК “Вардар-Неготино” - РК “Торо-Спорт” 21:12
РК “Вардар-Бисинов” - РК “Валандово” 22:20

За трето место
РК “Валандово” - РК “Торо-Спорт” 17:17 (по изведување на пенали 20:19)
Финале
РК “Вардар-Неготино”  - РК “Вардар-Бисинов” 19:11

Женска конкуренција
РКЖ “Вардар-Неготино” – ЖРК “Торо-Спорт” 14:13
Најдобар стрелец на турнирот беше централниот бек на екипата на РК “Вардар-Неготино”, Драган Кузманов. За најдобрите екипи и поединци на турнирот општина Неготино обезбеди дипломи и пехари, додека на останатите учесници им беа доделени благодарници за учество. Генерален спонзор на турнирот беше Кроација Осигурување - Неживот.