Делегација на Светска банка на средба со градоначалникот Апостолов PDF Печати

   „Ние како партнери на општина Неготино во спроведувањето на дел од проектите за подобрување на водоснабдувањето денеска остваривме работна средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која го изразивме нашето задоволство од можноста што ја имаме да придонесеме за решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето во општината и се надеваме дека овој проект ќе биде успешно завршен“ – изјави по средбата Тошијаки Кеичо – менаџер на проектот на Светската банка за подобрување на општинските услуги кој беше дел од делегацијата на Светска банка која денеска престојуваше во работна посета на Неготино. Инаку, како што информираше градоначалникот Апостолов општина Неготино со проекти аплицираше до Светската банка која ги одобри потребните средства за реконструкција на водоводната мрежа на 15 улици во Неготино и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3 во висока зона во близина на постоечкиот во Тимјаник, а се очекува до крајот на годината да дојде и до официјално потпишување на договорот помеѓу општина Неготино и Светска банка. Станува збор за проект вреден близу 1.000.000 евра кој значително ќе придонесе за подобрување на водоснабдувањето во општина Неготино, а според градоначалникот, градежните работи се очекува да започнат напролет наредната година.