И во Неготино се спроведе акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ PDF Печати
   Стотици граѓани од општина Неготино денеска масовно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ која есенва се спроведе под мотото „Стоп за катастрофите“ при што излегоа во природа и дадоа сопстве придонес во засадувањето на својата иднина. Годинава учениците и професорите од средното и двете општински училишти, како и претставници од други институции и установи кои функционираат на ова подрачје, масовно се упатија кон локацијата место викано Падината кај Прждево каде што сите заедно садеа дрвца чемпрес и багрем обезбедени од страна на ЈП Македонски шуми. Временските услови беа идеални, а акцијата протече во најдобар ред со засадување на голем број нови дрвца според однапред изготвениот план од страна на одговорните во локалната самоуправа и КП Македонски шуми. Инаку, во текот на денот градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со дел од вработените во општината се вклучија во акцијата „Ден на дрвот-засади ја својата иднина „ со засадување на 30 дрвца полски јасен на просторот во населбата Саат-кула во непосредна близина на новоизграденото мултинаменско игралиште и реконстриуираниот и хортикултурно уреден детски забавен парк, а дрвца се садеа и на други локации во Неготино.