Шахистите Недев и Лазов на прием кај градоначалникот Апостолов PDF Печати
  Суперталентираниот шахист од Неготино – 14 годишниот Тони Лазов оствари уште еден од низата одлични успеси кои ги постигнува во текот на неговата, кратка но исклучително богата кариера. Имено, на одржаното Европско првенство во брзопотезен шах што се одржа во Грузија на кое учествуваа 99 учесници од повеќе држави во категорија до 14 години, нашиот претставник Тони Лазов го освои одличното 9-то место со освоени 6 поени од 9 одиграни партии.Лазов зедно со неговиот ментор шаховскиот велемајстор Трајко Недев денеска беа примени од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој им честиташе на извонредниот успех и  вети натамошна поддршка за нив и за сите спортисти и клубови кои со своите постигнувања остваруваат лична афирмација, но и придонесуваат за афирмација и на општината. Инаку, Тони Лазов од 2009-та година има учествувано на неколку Светски и Европски првенства во брзопотезен шах, а најголем успех му е шестото место на Европското првенство во Будва. Инаку, деновиве Лазов стана и државен првак на турнирот во шах организиран од Федерацијата на училишен спорт на РМ за ученици од основните и средните училишта во конкуренција на 60 учесници, а за освоеното прво место доби медал и диплома.