Заврши шестиот по ред традиционален турнир во табла „Неготино 2014” PDF Печати

   Во рамките на програмата за одбележување на Денот на градот – 8ми Ноември, традиционално, по шести пат беше организиран турнирот во табла “Неготино 2014”. Учество на истиот зедоа 64 учесници, кои во период од три дена (6-8 ноември) колку што траеше турнирот, одиграа многу интересни мечеви, а најдобрите по систем на елиминација дојдоа до самата завршница. Овогодишен победник на турнирот е Драган Доневски, кој за постигнатиот резултат доби диплома и парична награда од 8.000 денари, вицешампион е Дарко Илиевски кој доби диплома и парична награда од 5.000 денари, а третопласиран е Дарко Накев кој покрај диплома за трето место заработи и награда од 2.000 денари. Покрај наградите за најдобрите тројца учесници беа доделени и благодарници за учество турнирот. Наградите и признанијата ги додели градоначалникот на Општина Неготино, г-нот Ванчо Апостолов, кој во рамките на затварањето на турнирот вети дека традицијата за одржување на овој настан ќе продолжи и во иднина.