Свечена седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Во присуство на голем број заинтересирани граѓани на општина Неготино и гости од земјава и странство во кино-салата на Центарот за култура се одржа свечената седница на Советот на општина Неготино по повод празникот на градот 8-ми Ноември и 70 годишнината од ослободувањето на Неготино. Во пригодното обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се задржа на неколку капитални проекти чија реализација е во тек и со чие завршување, како што рече тој, редукциите на водата ќе бидат минато за неготинци, а паралелно за во наредните 100 години ќе се обезбеди континуирано 24 часовно водоснабдување за сите граѓани на Неготино неазвисно од зоната во која живеат. Исто така, додаде Апостолов, иако немаме директни ингеренции во делот на вработување, создаваме услови за отворање производствени капацитети фабрики во кои би се вработиле невработените граѓани од општина Неготино. На свечената седница беше прикажан 16 минутен аудио-видео материјал за реализираните и проектите кои се во тек помеѓу двата празника,а се одржа и пригодна културно уметничка програма.