Претставен Зборникот на политички затвореници – втор том PDF Print
There are no translations available.

   Во организација на Музејот на град Неготино и локалната самоуправа беше извршена промоција на вториот том на Зборникот на политички затвореници во периодот од 1945 до 1990 година, дело кое следува неколку години по објавувањето на првиот том во 2007 година. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во своето обраќање истакна дека Зборникот е изработен и издаден на иницијатива и предлози доставени до Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност до авторот Никола Андонов кој по објавувањето на првиот, го издаде и вториот том од Зборникот во кој се внесени нови податоци и нови документи. Самиот факт, рече Апостолов, што станува збор за втор том, доволно говори за квалитетот на првиот и потребата од објавување на нови документи од страна на Андонов. Авторот Никола Андонов рече дека во двата тома на Зборникот се  претставени сведоштвата за човековите страдања на политички прогонетите и затворани лица и најави дека доколку постои нови и необјавен материјал, тој ќе пристапи кон изготвување и на третиот том од Зборникот на политички затвореници.