Доделени 31 ваучер за новороденчиња во септември и октомври PDF Печати

   Продолжува континуираното и што е најважно навремено доделување на вредносните ваучери во вредност од 7.000 денари што општината од сопствениот буџет ги издвојува за родителите кои имаат новороденчиња. Така беше и денеска на пригодната свеченост што се одржа во салата на општината кога градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов додели 31 ваучер на родители кои во месеците септември и октомври имале принова во семејството. По 14 месеци од донесувањето на одлуката и нејзиното стапување во сила, градоначалникот Апостолов заедно со денешните има доделено вкупно 214 ваучери за новородени деца во општина Неготино.