Започна реализацијата на проектот „Хидраулично мерење на притисокот на вода за пиење“ PDF Print
There are no translations available.

   Со денешното официјално означување на стартот на работите, Неготино стана првиот град во Република Македонија во кој ќе бидат поставени уреди за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните, а од друга страна на најсофистициран можен начин секојдневно ќе се следат и ќе се вршат неопходните мерења. Со поставување на камен темелник од страна на градоначалникот на општина Неготинио Ванчо Апостолов, претставникот на фирмата изведувач на работите Томислав Витовски и директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова започнаа работите на проектот, кои доколку временските услови го дозволат тоа, би требало да завршат до крајот на годинава. Изведувач на работите е фирмата ИМГД од Самобор – Хрватска која располага со сертификат дека е една од 10-те најдобро рангирани фирми во светот во делот на одведувањето на води, а проектот чини 20.000.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Со реализацијата на овој проект редукциите на водата за пиење ќе станат минато за граѓаните, а со реализацијата на останатите 3 проектит кои паралелно се спроведуваат, се очекува да се оствари крајната цел – обезбедување континуирано 24 часовно водоснабдување за сите неготинци независно од тоа во која зона живеат.