Жителите на Д.Дисан добија нов партерно уреден центар на селото PDF Печати

   „Реализацијата на овој проект е само уште еден доказ за нашата посветеност кон спроведувањето на мојата и програмата за работа на општина Неготино за подобрување на условите за живеење како во градот, така и во населените места во општината. Проектот „ Партерно уредување на центарот на Д.Дисан “ е реализиран на иницијатива на општина Неготино преку програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со мерката обнова и развој  на селата во делот на инвестициите за изградба или реконструкции на плоштади, зелени површини или шеталишта во руралните средини „ - истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој заедно со претседателот на Советот на општината Јордан Паунов и претседателот на месната заедница Тони Ризов на пригодна свеченост во употреба го предадоа новоизградениот и партерно уреден центар во Д.Дисан. Вкупниот буџет на проектот изнесува 7.660.000 денари од кои од страна на Агенцијата се обезбедени 5.600.000, додека општина Неготино од сопствениот буџет издвои 1.600.000 денари. На целиот простор се поставени бекатон коцки, изградени се скали, поставена е урбана опрема, клупи и жардинерии со што е остварена целта за доловување на урбанизиран ефект во центарот на селото.