Турнир во табла по повод Денот на градот – 8 Ноември PDF Печати
По повод одбележувањето на Денот на градот – 8 Ноември, општина Неготино и оваа година традиционално по шести пат го организира ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА “НЕГОТИНО 2014”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2014 година во туристичко-информативниот центар “Желкова куќа”. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани. Учеството на турнирот е бесплатно, а наградите за најдобрите во вкупен фонд од 15.000 денари ги обезбеди општина Неготино (прва награда 8.000 денари, втора награда 5.000 денари и трета награда 2.000 денари). Пријавувањето за учество на турнирот е на телефонскиот број 075/777-919 кај лицето Зоран Недев. Исто така, своето учество на турнирот заинтересираните граѓани можат да го пријават во кафе бар “Јоко” и берберница “Коко” во Неготино.