Таксистите ќе полагаат испит за авто-такси возач PDF Print
There are no translations available.

  Врз основа на Законот за локална самоуправа и измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, општината Неготино донесе решение со кое се формира комисија за полагање на испит за авто-такси возач. Ова значи дека околу 100-тина таксисти кои ја обавуваат оваа дејност на подрачјето на општина Неготино ќе полагаат испит за авто-такси возач како основа за добивање на уверение од комисијата со кое ќе можат да ја вршат дејноста, со тоа што постапката комисијата ќе ја спроведува согласно Законот за превоз во патниот сообраќај. За констатираната состојба, комисијата е должна да составува записник за секое лице кое ќе полага испит и ќе води евиденција на лицата кои го положиле испитот да добијат уверение за вршење на дејноста авто-такси возач. Стручното оспособување на кандидатите и полагањето на испитот за добивање сертификат за авто-такси возач ќе го врши ДПТУ Авто школа „ Алф-рд “ од Кавадарци кое на општината и понуди најдобри услови и кое ги исполнува сите критериуми и услови за вршење обука и полагање на испит.