Саем за вработување во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Неготино по Скопје е вториот град во Македонија во кој се  одржа саем за вработување на кој работодавачите и невработените можеа да се запознаат со потребите на пазарот на трудот. „ На работодавачите им кажав да бидат реални во нивните барања и да ги понудат своите слободни работни места, а на невработените им нагласив дека барањето работа не значи седење дома и гледање телевизор, туку треба да одат на вакви настани на кои се согледуваат и понудата и побарувачката на труд“ - изјави директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски. Од првиот саем кој се одржа во Скопје веќе се склучени нови договори за работа, па директорот најави дека наскоро ќе излезат и со конкретни бројки.  Во одговор на новинарско прашање тој истакна дека за вработување најбарани се техничките или инженерските струки, а најмногу ги има кадрите со завршено образование од општествените науки. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов истакна дека благодарение на мерките на Владата на РМ и одличната соработка со неготинскиот Центар за вработување, во германската компанија Дрекслмаер се вработени и егзистенција обезбедуваат над 1.000 граѓани од општина Неготино, што пак придонесе за намалување на бројката на невработени која сега изнесува околу 1.300, за разлика од некои поранешни времиња кога во општината имаше и над 5.000 невработени лица. Апостолов додаде дека во Индустриските зони Неготино и Дуброво-Тремник се очекува изградба на производствени капацитети и  фабрики во кои исто така ќе се вработат жители од Неготино, но и од соседните општини, со што ќе дојде до натамошно намалување на невработеноста во општината.