Втора работилница со родители и деца во игралните во руралните средини PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино продолжува со концептот-игрални за деца од предучилишна возраст   во 7 рурални средни. Преку проектот,,Грижата за децата од предучилишна возраст-врвен приоритет во руралната средина,,  а во рамките на проектот Општинско корисна работа, поддржан од УНДП, АВРМ ,МТСП и општина Неготино,како нова компонента во рамките на воспитно-образовната работа е организирањето на интерактивни и советодавни работилници со родителите на децата. Деновиве во периодот од 30 септември до 10 октомври се организираат  7 вакви работилници со родители во сите 7 игрални од руралните средини.
Темата на втората работилница е ,,Здрава храна,, .
Оваа тема е од огромна важност за правилен раст и развој на децата од оваа возраст , а  истата е избрана како резултат на препораките на МТСП кои ги има дадено до градинките, за примена на ,,Програма за едукација на децата од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување на децата , со процесот на одгледување и конзумирање на здрава храна,,.
За подготовка и  организирање на овие работилници со родителите се користат посебни прирачници за воспитувачите и асистентите, а во координација со ЈОУДГ,,Фемо Кулаков,, од Неготино .
Активностите во рамките на темата,,Здрава храна,, ќе траат околу 2 месеци  , со цел на  третата работилница со родители да бидат презентирани сите постигнувања , изработки и стекнати знаења и навики кај децата, околу одгледувањето и конзумирањето на здрава храна , како во игралните исто така и во рамките на нивните семејства.