Одбележана Детската недела во неготинската градинка PDF Print
There are no translations available.

   150 дечиња од клонот Мајски цвет при Детската градинка Фемо Кулаков, вработените и директорката на градинката Весна Нацева заедно со нивниот гостин- градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов со работна активност го завршија 7-дневното одбележување на Неделата на детето. Сите заедно, поделени во групи, беа ангажирани на правење на гроздови од стари весници, за на крајот истите да се соберат и да се создаде еден огромен грозд како симбол на општина Неготино. Присуството на пригодната свеченоста градоначалникот Апостолов го искористи од име на општина Неготино да донира вредносен ваучер од 30.000 денари – средства кои градинката ќе ги намени за купување играчки и други материјали, со единствена цел престојот на дечињата во градинката да им биде што е можно попријатен.