Започна со работа советувалиште за брак и семејство PDF Печати

   Давање помош и поддршка на поединци и семејства во ситуација на присутни проблеми во бракот и семејството, помош и поддршка на брачните парови во надминувањето на проблемите, кризата во комуникацијата и други потешкотии, помош и поддршка за деца во случаи на развод на брак на нивните родители, како и советодавна работа со малолетни лица- се само дел од активностите кои ќе се реализираат во денес отвореното Советувалиште за брак и семејство кое ќе делува во рамки на Центарот за социјална работа Неготино. Советувалиштето кое е сместено во една од просториите во Желковата куќа ќе работи секоја прва сабота во месецот од 9,30 до 14,30 часот и во вторник од 10 до 18 часот. Услугите се бесплатни, а дискрецијата и непристрасноста се загарантирани.