Факелот на мирот и учесниците во трката престојуваа во Неготино PDF Печати

   Неготино денеска беше домаќин на учесниците во глобалната манифестација позната како „ Трка на мирот -2014г. “ – глобална штафетна трка која нема натпреварувачки карактер. Во истата учествува интернационален тим на маратонци на кои во текот на денешниот ден им се приклучија и 15 ученици од ОУ Страшо Пинџур кои подавајќи го факелот на мирот од рака на рака преку заедничко трчање го промовираа меѓународниот мир, единство, пријателство и разбирање. Претставникот на организаторот Дибаваџан Реџан на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов му го предаде факелот на мирот и во своето обраќање за заблагодари на топлиот и срдечен прием во нашиот град, додавајќи дека трката започнала од Португалија, поминала низ многу европски земји меѓу кои и Република Македонија, а трката завршува во Белград – Република Србија. Градоначалникот Апостолов во своето обраќање го искажа задоволство од пружената можност и наши сограѓани да дадат придонес во традицијата на подавање на факелот од рака на рака истакнувајќи дека импресинво звучат бројките дека присутните маратонци во текот на целата трка ќе претрчаат вкупно 24.000 километри поминувајќи низ 49 земји. По кратката културно-уметничка програма, учесниците на трката на мирот заедно со факелот го продолжија своето патешествие низ други општини во земјава.