Трката за мир 2014 во Неготино PDF Печати
   На 2 октомври (четврток) Општина Неготино ќе биде домаќин на глобалната манифестација позната како “Peace Run 2014”. Трката за мир е глобална штафетна трка која нема натпреварувачки карактер. Составена е од интернационален тим на маратоци и има за цел да промовира меѓународен мир, единство, пријателство и разбирање. Подавајќи го факелот од рака на рака, трката поминуваниз многу држави на различни континенти и на тој начин поврзува многу градови, населби, училишта, организации и луѓе од различни националности и култури насекаде во светот. На Европскиот Континент, Трката за Мир се одржува на секои две години, посетува 49 земји и поминува 24.000 километри.
Централниот настан под наслов “Порака за мир”, со кој општина Неготино ќе го дочека интернационалниот тим на траката, ќе се случи на Градскиот плоштад во Неготино на 2 октомври (четврток) со почеток во 9 часот наутро. На истиот, свое обраќање ќе имаат градоначалникот на Општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов и претставникот на меѓународниот тим на “Peace Run 2014”, а ќе биде организирана и културна програма во духот на светскиот мир, пријателство и разбирање.