Можат да се доставуваат предлози за награда и признанија по повод 8-ми Ноември PDF Печати

   Локалната самоуправа Неготино во пресрет на одбележувањето на општинскиот празник 8-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Неготино, како и секоја, така и оваа година ги информира сите заинтересирани правни и физички лица од општината дека до надлежната комисија за при општинскиот Совет можат да доставуваат предлози за доделување на награди и признанија по повод 8-ми Ноември. Подносителите на предлози можат да доставуваат кандидатури во 3 категории и тоа – предлог за највисоката општинска награда 8-ми Ноември за животно дело, за признанија по повод општинскиот празник, како и предлози за признанието почесен граѓанин на општина Неготино. Со предлозите потребно е да се достави и кратко образложение во писмена форма за предложените кандидати и институции , предлозите ќе бидат разгледани од страна на членовите на комисијата за награди и признанија при Советот на општината, додека конечната одлука за годинашниве добитници на наградата и признанијата по повод 8-ми ноември ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино. Предлозите во писмена форма можат да се доставуваат до архивата на општина Неготино најдоцна до понеделник 20-ти октомври, оваа година.