„Опен фан фудбал школа“ по 14-ти пат во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Со цел за поттикнување на младите за нивно активно учество во спортските активности и рекреација општина Неготино и оваа година по 14-ти пат на градскиот стадион ја организираше манифестацијата „Опен фан фудбал школа“ на која учество зедоа околу 100 дечиња на возраст од 6 до 12 години кои тајните на фудбалската игра ги запознаваа со помош и менторство на шест тренери и еден лидер на школата. Инаку, општина Неготино е една од ретките која веќе 14 пати ја поддржува работата на оваа фудбалска школа и преку истата на најмладите им овозможува со игра и забава да се запознаваат со тајните на фудбалската игра, меѓусебно да другаруваат и притоа да се забавуваат. Идејата е на децата да им се овозможи едно богато и вредно искуство во играта со топка, да се промовира играта, да се пронајдат нови играчи и да се промовира нивниот талент. Токму поради ова јас како градоначалник и општина Неготино ќе вложиме напори и во иднина оваа манифестација да продолжи да се реализира и да биде уште помасовна, па да се надеваме дека од учесниците ќе произлезат фудбалери кои ќе ги бранат боите на неготински Вардар, на репрезентацијата на Македонија или пак ќе настапуваат во големите европски клубови.