Библиотеката ги прогласи „најчитателите“ за лето-2014 г. PDF Печати

   Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од Неготино врз основа на предходно распишаниот конкурс, ги прогласи „најчитателите“ за лето 2014-та година. Имено, на пригодна свеченост што се одржа во читалната на библиотеката сместена во просториите на ТИЦ „Желкова куќа“, наградите и дипломите на најчитателите им го додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Така, за најчитатели од ОУ„Страшо Пинџур“ прогласени беа Симона Андоновска, Цветанка Пасинечка и Владанка Тефова, од ОУ„Гоце Делчев“ наградени беа Марија Цветкова, Андонија Кузева и Ристе Петков, најчитатели од СОУ„Св. Кирил и Методиј“ се Ана Петрова, Ружица Астарџиева и Дејан Пановски, додека во категоријата возрасни награди и дипломи добија Стефанија Симонова, Ангеле Бушевски, Богданка Арсова и Александра Балканска. Директорката на библиотеката Катерина Данаилова изрази надеж дека преку ваквите форми на стимулирање, ќе се зголеми бројот на читателите, а аналогно на тоа и бројот на изнајмени книги од неготинската библиотека која располага со навистина извонредно богат фонд на книги од сите жанрови.