„НЕГОТИНСКИОТ ПАНАЃУР-2014“ МОЖЕ ДА ПОЧНЕ PDF Print
There are no translations available.

   „Ние како локална самоуправа во соработка со останатите надлежни институции благовремено ги презедовме сите потребни мерки  и активности што е можно поподготвено да го дочекаме стартот на манифестацијата „Неготински панаѓур-2014“ и што се однесува до организацискиот дел, панаѓурот може да почне “ – истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, кој не го криеше задоволството од интересот од страна на потенцијалните понудувачи на производи и услуги за време траењето на манифестацијата. Според Апостолов најголемиот дел од местата предвидени за поставување на тезги со стоки и производи се веќе продадени, останат е само еден мал дел кој сигурно ќе се потполни со денот на започнувањето на панаѓурот, така што граѓаните на општина Неготино и сите други потенцијални посетители ќе имаат навистина широк избор. Нема да изостане ниту добрата забава која ќе ја има за сите генерации, бидејќи најголемиот број угостителски објекти се погрижија нивните гости за време на панаѓурот да ги забавуваат повеќе естрадни уметници од забавната и народната музика, а исто така општината во соработка со Полициската станица од Неготино се координираа безбедноста да биде на највисоко ниво. Од име на општина Неготино, градоначалникот Апостолов ги поканува сите граѓани на Република Македонија да присуствуваат на Неготинскиот панаѓур кој се одржува во деновите недела, понеделник и вторник ( 21,22 и 23 септември ), додека на 20-ти овој месец ќе се одржи и традиционалната Манастирска вечер во манастирот „Свети Ѓорѓи“ кај Неготино.