1 година од проектот – ваучер за секое новороденче PDF Print
There are no translations available.

   Точно 1 година градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, на чиј предлог Советот на општината донесе одлука за спроведување на оваа стимулативна мерка, на секои 2 месеци во континуитет, на семејствата кои имаат новородени деца им доделува вредносни ваучери од 7.000 денари. Мерката, покрај останатите што ги реализира Владата на РМ, е донесена да се стимулира наталитетот на подрачјето на неготинска општина, а истата при секое доделување на ваучерите е поздравувана од страна на родителите кои имаат принова во семејството и овие средства на одреден начин им претставуваат поддршка при одгледувањето и подигнувањето на своите деца. Така беше и денеска  кога на пригодна свеченост градоначалникот Апостолов додели нови 34 ваучери на родители кои имале новороденчиња во месеците јули и август, што значи дека мерката се спроведува во континуитет и без никакво доцнење. Инаку, според податоците од стручните служби при локалната самоуправа од стартот на спроведувањето на оваа стимулативна мерка, во септември минатата година, досега се доделени вкупно 183 ваучери што кореспондира со бројот на новороденчиња во нашата општина. Апостолов најави дека реализицијата на овој проект ќе продолжи и во иднина и секое семејство што ќе има новороденче, од буџетот на општина Неготино ќе дбова по 7.000 денари.