Градоначалникот Апостолов во посета на црквата „Свети Атанасиј„ во Неготино PDF Печати

   Општина Неготино во рамките на расположливите финансиски средства оствари донација за црквата во Неготино, а апелирам тоа да го сторат и други фирми и граѓани кои на тој начин ќе помогнат овој верски храм после 40 години да добие нов и современ лик, а самата црква да биде гордост за сите верници- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој оствари работна посета на црквата „Свети Атанасиј„ на која од месец мај се започнати и тековно се одвиваат работи за нејзино комплетно реконструирање. Од страна на одговорните свештени лица Апостолов беше запознат дека проектот се спроведува со средства од Повардарската епархија и донации од фирми и граѓани, а благослов за неговото започнување дал митрополитот Повардарски-господин Агатангел. Во досегашниот тек од работите поставена е нова фасада на целиот објект, заменета е кровната конструкција и поставена е изолација, во внатрешниот дел извршено е малтерисување и глетовање, следува  замена на комплетната столарија и поставување на парно греење. Свештените лица го запознаа градоначалникот дека во внатрешниот дел зоографи од тајвата Александарски од Велес започнаа со фрескоживопишувањето кое ќе се одвива етапно, а за време на реконструкцијата на храмот богослужбите ќе се изведуваат во манастирот Свети Ѓорѓи.