ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРОЕКТ ЗА ХИДРАУЛИЧНО МЕРЕЊЕ НА ПРИТИСОКОТ НА ВОДАТА PDF Print
There are no translations available.

   Неготино ќе биде првиот град во Република Македонија во кој ќе бидат поставени уреди за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните, со што на најсофистициран можен начин секојдневно ќе се следат и ќе се вршат неопходните мерења. Ова е резултат на потпишаниот договор од страна на првиот човек на општина Неготино, градоначалникот Ванчо Апостолов и претставникот на една од 10-те надобро рангирани фирми во светот ИМГ од Загреб-Хрватска која ќе ја има улогата на изведувач на работите. Станува збор за еден од неколкуте проекти што се спроведуваат со цел за подобрување на водоснабдувањето на подрачјето на неготинска општина. Проектот чини над 20 милиони денари-средства кои ќе се обезбедат од општинскиот Буџет,а со неговата реализација дефектите на водоводната мрежа ќе се сведат на минимум, Комуналец ќе заштеди во делот на ангажирањето на работна сила и издвојување финансии за поправка на дефктите, а што е најважно,со хидрауличното регулирање притосокот на водата која доаѓа до домаќинствата ќе биде ист во сите зони од градот, што пак ќе придонесе до нејзино рамномерно распоредување и достапност во сите домови. Се очекува реномираната хрватска фирма работите да ги заврши до крајот на тековнава година.