Заврши ноќниот турнир во улична кошарка – Неготино 2014 г. PDF Print
There are no translations available.

  На традиционалниот ноќен турнир во улична кошарка „ Street ball-2014 „ кој под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов се одржа на импровизираниот кошаркарски терен на градскиот плоштад во Неготино, првото место го освои тимот на “ Софра- Велјанов “ за кој настапија Ристе Стојков, Влатко Цеков, Милан Николов и Игор Шарац. Покрај медалјите и дипломите, секој играч од победничкиот тим доби ваучер од 2.500 денари.Тимот од Квадарци го освои второто место и поединечни ваучери од по 1.500 денари, а третопласирана беше екипата на МВ Воислав чии играчи добија ваучери од по 750 денари. Во конкуренција на јуниори под 18 години првото место го освои тимот на Три багреми, второпласиран беше тимот Кит-Кет, а третото место го освои екипата на Спид килс. Во женска конкуренција првото место и припадна на екипата на Спид баунд, додека второпласиран беше тимот на Пиунчиња. Организацијата на турнирот помина во најдобар ред, а градоначалникот Апостолов во своето обраќање упати јавна честитка до најуспешните и до сите учесници, а наедно ги врачи и ваучерите, медалите и дипломите на најдобропласираните екипи.