Започна турнирот во улична кошарка “Street Ball 2014” PDF Печати
   Како дел од програмата за спорт на Општина Неготино, синоќа на градскиот плоштад започна седмото издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball 2014”. За учество на турнирот се пријавени вкупно 20 екипи од Неготино и регионот. Истите ќе разигруваат во четири конкуренци и тоа една женска и три машки конкуренции – сениори (над 18 години) и јуниори (од 14 до 18 години) и конкуренција под за играчи под 14 години. Во сениорска конкуренција се пријавени 8 екипи кои ќе разигруваат во 2 групи по четири екипи, а најдобрите две екипи во секоја група ќе се сретнат во полуфиналето. Во јуниорска конкуренција се пријавени 6 екипи кои во единствена група ќе разигруваат по бод систем, додека во конкуренцијата до 14 години се пријавени 4, а во женска конкуренција 2 екипи. Исто така турниот ќе биде збогатен и со натпревар во шутирање тројки, со цел истиот да добие на атрактивност и да понуди повеќе забава за гледачите.
Турнирот кој ќе трае 3 дена (од 19 до 21 август), синоќа за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов, кој е воедно и покровител на оваа спортска манифестација.
За најдобрите екипи и поединци на турнирот општина Неготино обезбеди богат награден фонд кој изнесува над 40.000 денари.
Натпреварите на турнирот во деновите додека трае истиот, започнуваат во 18.00 часот.