Дисанци добија игралишта за фудбал и кошарка и детско игралиште PDF Печати

   Учениците и нивните наставници кои наставата по предметот физичко воспитување ја следат и ја реализираат во подрачното училиште во селото Долни Дисан на располагање добија игралишта за фудбал и за кошарка лоцирани во непосредна близина на школото со што ќе им се овозможи часовите по овој предмет да ги спроведуваат на адекватно и пред се за тоа  безбедно место. Инаку, покрај учениците, двете игралишта ќе можат да ги користат и останатите жители на селото кои овде исто така можат да спортуваат и да се рекреираат. Паралелно, веднаш до двете игралишта, изградено е уште едно детско игралиште наменето за потребите на најмладите дисанци кое ја гарантира нивната безбедност, а за нивна разонода, забава и игра поставени се и повеќе детски реквизити. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при посетата на игралиштата истакна дека тие се изградени со средства обезбедени од општинскиот буџет во висина од 2.000.000 денари и додаде дека се надева оти со нивното ставање во функција ќе се постигнат очекуваните резултати, пред се младите и не само тие, поголем дел од времето да поминуваат во реализирање на спортско-рекреативни активности.