Заврши партерното уредување на центарот во Д.Дисан PDF Print
There are no translations available.

  Во рамките на предвидените рокови за тоа, работници на Урбан инвест завршија со изведувањето на градежните работи во делот на партерното уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Со цел за запознавањето со изведените работи во Д.Дисан престојуваше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој притоа се задржа и во краток разговор со локалното население кое не го криеше задоволството од успешно и квалитетно завршеното партерно уредување на центарот со што тие добија пријатно катче за одмор и релаксација. Сликата на просторот пред локалната црква е сосема изменета со поставени бекатон коцки, урбана опрема и клупи за седење, целиот простор е и допрва хортикултурно ќе се доуредува, изградени се скали и други градежни зафати. Проектот се спроведе со средства во висина од 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а општина Неготино учествуваше со средства од 1.200.000 денари обезбедени од општинскиот буџет.